Тимот на Соравиа сака да ги извести сите свои актуелни и идни закупци, како и останатите заинтересирани странки, дека во склоп на бизнис центарот од 19.09.2022 ќе започне реновација со цел подобрување на енергетската ефикасност, еколошката одржливост и комотитетот на сите лица во зградата.

Во склоп на реновациите ќе бидат изведени следните работи:

  • Климатизација и вентилација: Целосна проверка и унапредување на системот, вклучувајќи и замена на постоечки ВРВ единици со единици од нова генерација.
  • Замена на дел од постоечките прозори со прозори кои се отвораат.
  • Поставување на термоизолациски фолии на фасадните прозорци кои во северниот дел од зградата и поладните месеци ќе го спречи одливот на топлотна енергија од просториите, а на јужниот дел и во потоплите месеци ќе го спречи зрачењето и загревањето на просториите. Заедно со тие дејности ќе биде извршена целосна проверка на фасадата на објектот, и доколку се утврдат било какви проблеми и недостатоци истите ќе бидат санирани.
  • Осовременување на просторот на кат -1 во две фази. Во првата фаза ќе се спроведе проширување на влезното лоби и неговиот внатрешен дизајн ќе се осовремени. Во втората фаза ќе се изведат простории за заедничка употреба кои ќе им овозможат на закупците и нивните вработени да спроведуваат разни работни активности, јавни настани, простор за заедничка работа (co-working space), простор за одмор и забава итн.
  • Нов БМС систем за раководење со системите на зградата кој меѓу другото содржи разни модули за намалување на потрошувачката на електрична енергија.
  • Нов систем на клучеви.

Дополнително, ќе се направат разни сервиси, поправки и подобрување на сите останати системи во објектот. Сите наведени работи се изведуваат со цел објектот Соравиа Бизнис Центар да ја задржи лидерската позиција на пазарот на канцелариски простор во Скопје.

Горенаведените реновации е предвидено да траат 90 дена, доколку климатските услови го дозволуваат тоа.