За Нас

СОРАВИА ЦЕНТАР СКОПЈЕ е дело на австриската „Соравиа груп“ (Soravia Group). Имајќи повеќе од 100 години успешна деловна историја, „Соравиа груп“ во моментов е еден од најголемите креатори на нови содржини на пазарот на недвижнини во областа на Централна и Источна Европа. Долгогодишното искуство, најсовремената технологија и способноста да им се излезе во пресрет на барањата на клиентите се основа за високиот стандард на објектите на „Соравиа груп“.

Еден од најсофистицираните деловни и трговски објект во Скопје Препознатлив архитектонски дизајн, врвна локација и конструкција со најдобар квалитет – сето ова понудено од искусен и доверлив партнер. Тоа се неповторливите предности на СОРАВИА ЦЕНТАР СКОПЈЕ: Повеќе од 13,000 м2 деловен простор со највисок квалитет, како и 2,500 м2 трговски простор поврзани со веќе постојниот трговски центар, поставуваат нови стандарди за делотворна и пријатна атмосфера во главниот град на Македонија, зацртувајќи ги и стандардите на иднината.

Повеќе информации за Соравиа групацијата:

www.soravia.at

Некои примери за Проектот за развој на недвижности:

Shopping Palace Bratislava: www.soravia.sk
Pressburg Trade Center: www.pressburgtradecenter.com
Bulgaria: www.soravia.bg